Професорот Томе Груевски, комуниколог и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје почина на 70 години по долго боледување. Груевски беше професор по предметите Комуникологија и Односи со јавноста и имаше значаен удел во образованието на повеќе генерации новинари.
Груевски остави значајни трудови во областа на комуниколошките теории и модели на комуницирање, масовните медиуми како посредници во комуникативниот процес, масовното комуницирање и другите облици на комуницирање. Негов посебен интерес на истражување беа теориите и концепциите на односите со јавноста, а меѓу бројните трудови се и книгите Историја на новинарството, Историја на македонското новинарство, Теорија на новинарството, Односи со јавноста , Култура на говорната комуникација, Комуникологија, Односи со јавноста- теории и модели, Комуникологија на медиуми, Комуникологија на жанрот, Комуниколошки лексикон.
Беше и ментор на кандидати на докторски дисертации и магистерски тези.