ВО СУДНИЦА НИКОЈ НЕ ЈА КАЖАЛ ФРАЗАТА „СЕЧЕНИ, ЛЕПЕНИ, МОНТИРАНИ”, САМО ВЕРУШЕВСКИ МОЖЕ ДА ОБЈАСНИ ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ СО ИЗЈАВАТА ДЕКА БОМБИТЕ БИЛЕ МОДИФИЦИРАНИ И КОМПРОМИТИРАНИ, ВЕЛИ ФАТИМЕ ФЕТАИ

    ВО СУДНИЦА НИКОЈ НЕ ЈА КАЖАЛ ФРАЗАТА „СЕЧЕНИ, ЛЕПЕНИ, МОНТИРАНИ”, САМО ВЕРУШЕВСКИ МОЖЕ ДА ОБЈАСНИ ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ СО ИЗЈАВАТА ДЕКА БОМБИТЕ БИЛЕ МОДИФИЦИРАНИ И КОМПРОМИТИРАНИ, ВЕЛИ ФАТИМЕ ФЕТАИ„Изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив“, кажа Фатиме Фетаи пред денешното судење за „Насилство и шамари во Центар“ (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Фатиме Фетаи денеска пред маратонското и најразвлеченото судење „Насилства и шамари во Центар“, рече дека изјавата на разузнавачот Зоран Верушевски во предметот „Тврдина-Таргет“ за модификацијата и компромитирање на бомбите, нема никако да влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а кои сега продолжуваат во редовното обвинителство.

    „Прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив. Прочитав дека изјавил и оти бомбите биле модифицирани и компромитирани. Сакам да напоменам дека никогаш во судница обвинетите не ја кажале онаа фраза: ’Сечени, лепени, монтирани‘, што ја кажуваа во медиумите“, рече Фетаи.

    Таа потсети и дека сведокот Верушевски бил испрашан само од обвинителот во „Тврдина-Таргет“. Според Фетаи, треба да се почека вкрстено обвинетите и одбраната да го прашуваат, а потоа и судот, кој има право да постави прашања од појаснувачки карактер, па потоа да се вадат заклучоци за неговиот исказ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира