ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА СЛУЖБА ЗА ДА ИМ СЕ ДАДЕ ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЈО И ДА СЕ ОСИГУРААТ ПРЕДМЕТИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА СЛУЖБА ЗА ДА ИМ СЕ ДАДЕ ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЈО И ДА СЕ ОСИГУРААТ ПРЕДМЕТИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев пристигнува на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев верува дека може да се договорат со опозицијата за носење на Закон за јавнообвинителска служба по синоќешната средба со коалициските партнери, откако заврши лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски на која беше договорено следната година да се одржат предверемени парламентарни избори.

    „Верувам дека ако може да договориме вакви крупни прашања, можеме и тоа да го договориме. Им го должиме на граѓаните и на државата. Никој не прашува за тие 92 вработени во СЈО кои имаат договор до 15 септември 2020 година, оти немаат земено плата за септември и нема кој да потпише. Сите се надеваат на законот или во парламентот да се усвои Закон за јавнообвинителска служба за да може на Јовевски да му се предаде со закон и да потпише за платите. Оти тие луѓе ако не им се даде плата ќе тужат на суд, па со адвокатски, судски и извршителски трошоци ќе си ги земат парите. Да бидеме мудри, една причина дека за наши граѓани се работи, второ да се осигура иднината на предметите. И трето, направивме демократски исчекор, дадовме на предлог на опозицијата парламентот, се надевам со консензус, да може да избере обвинител за гонење на висока корупција. Тоа дефинитивно ќе биде од помош на државата, но е висок демократски исчекор и верувам дека може да најдеме решение и за овој Закон за јавно обвинителство“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира