САКАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО ЗА ВРЕМЕ НА БУГАРСКОТО РАКОВОДЕЊЕ СО ЕУ, РЕЧЕ БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ПЕТКОВ

    САКАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО ЗА ВРЕМЕ НА БУГАРСКОТО РАКОВОДЕЊЕ СО ЕУ, РЕЧЕ БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ПЕТКОВБугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков во Собранието ја презентираше програмата за работа и приоритетите Бугарското претседателство со Советот на ЕУ пред Комисијата за европски прашања. (Фото: М. Златевска)

    Бугарија ќе ја поддржува Македонија за членството но НАТО и во Европската унија за време на претседателствување со Советот на Европската унија, рече бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков, на денешната презентација на програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во Собранието.

    „Бугарија ги поддржува напорите на владата, опозицијата и граѓанскиот сектор за постигнување на највисоките национални цели, членство во ЕУ и НАТО и сакаме тоа да се случи за време на нашето претседавање со Европскиот совет. Меѓутоа, за ова да се случи мора да се спроведат тешки реформи. Бугарија ќе работи на унапредување на добрососедските односи меѓу земјите од Западен Балкан, бидејќи постои можност за дестабилизација“, рече бугарскиот амбасадор Петков, во собраниската Комисија за европски прашања.

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека поважно од ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија е реалноста во подобрување на односите и се надева дека во 2018 година, Македонија ќе го фати возот за влез во ЕУ и во НАТО.

    На презентацијата на програмата за работа на бугарското претседателство со ЕУ, присуствуваа и амбасадорите на САД, Велика Британија, Холандија, Џес Бејли, Чарлс Гарет, Воутер Пломп, и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира