Новите 12 станари ги добија клучевите од нивните домови во населбата Хабитат Македонија, која е изградена во Велес. Предадена на користење беше шестата од предвидените 11 згради. Американската невладина и непрофитна организација Хабитат за 15 години има изградено станови за 48 семејства со ниски примања.
„Во изградбата на овој објект покрај материјалите е вложено многу пот, љубов. Иако се гледа како објект, тоа е дом за 12 фамилии“, кажа Тик Хатавеј, извршен директор на Хабитат за Европа.
Изградбата на населбата Хабитат започна есента 2008. Досега за овие години во работата волонтирале 1.700 лица од цел свет, од сите континенти.
„Оваа зграда е градена од волонтери од различни земји со различно етничко, верско потекло. Тоа ја истрајува мојата верба за изградба на општество еднакво за сите. Мисијата на Хабитат секој да има пристојно живеалиште ја дели и Владата“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Големината на становите е од 45 до 68 квадрати.
„Сакам да се заблагодарам и да ја споделам радоста за добивањето нов дом за моето и нашите семејства. Во името на сите станари големо фала за сите волонтери од цел свет, што ни овозможија да имаме топол дом“, рече Сашко Трајковски, еден од новите сопственици на становите.
П. ПЕЧКОВ