18-годишната битолчанка С.С. вчера била донесена почината во Клиничката болница во Битола. Засега не е позната причината за смртта.
Случајот го потврдија и од СВР Битола и велат дека кај починатата немало траги на насилство.
Мртвата девојка на Одделението за ургентна медицина ја донело друго лице и не се работи за ковид пациент. Наредена е обдукција која треба да ги утврди причините за смртта.
Ж. ЗДРАВКОВСКА