60-ГОДИШНИК УБИ ДВАЈЦА РОДНИНИ ВО ЧЕЛОПЕК, ТЕТОВСКО

    60-ГОДИШНИК УБИ ДВАЈЦА РОДНИНИ ВО ЧЕЛОПЕК, ТЕТОВСКОДвајцата роднини починале, а еден е ранет. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево во тетовското село Челопек 60-годишен жите пукал и усмртил двајца негови роднини, а еден го ранил. Набрзо интервенирала тетовската полиција и го уапсила.

    „Денеска полициски службеници од СВР Тетово во тетовското село Челопек го лишија од слобода И. И. (на возраст околу 60 години) од ова село постапувајќи по пријава дека околу 14 часот и 10 минути в селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот, исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, даде првични информации портпаролот на СВР Тетово Марјан Јасифовски.

    Според неофицијални информации, добиени од жители на Челопек, сторителот на убиствата до неодамна бил на лекување во психијатриска установа од која деновиве бил пуштен дома.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира