АДВОКАТ ОД ВЕЛЕС СЕ СОГЛАСИ ДА ГИ БРАНИ ДВАЈЦАТА ШТИПЈАНИ КОИ ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА И СЕ СНИМАА

    АДВОКАТ ОД ВЕЛЕС СЕ СОГЛАСИ ДА ГИ БРАНИ ДВАЈЦАТА ШТИПЈАНИ КОИ ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА И СЕ СНИМААOбвинетите се товарат дека пред три месеци брутално претепале 22-годишна девојка и тоа го снимиле на мобилен (Фото: принтскрин од видео)

    Во Основниот суд во Штип утре ќе започне судскиот процес против двајцата млади штипјани кои се товарат за кривичното дело насилство, поврзано со претепувањето на 22-годишна девојка.

    За С. А. (23) и П. Р. (26) судот претходно одреди мерка притвор од седум дена, а потоа го продолжи за 30 дена. Во меѓувреме, штипската адвокатска фела се откажа од нивно застапување, но, како што дознаваме, еден адвокат од Велес прифатил.

    „Ако има признание на кривичното дело, може уште утре да се донесе пресуда. Казната за вакви дела е од шест месеци до пет години затвор“, најавува застапникот на обвинението, оснивниот јавен обвинител во Штип, Ристе Бојаџиев.

    Oбвинетите се товарат дека пред три месеци брутално претепале 22-годишна девојка со која имале нерасчистени односи и тоа го снимиле на мобилен и по извесно време го објавиле на социјалните мрежи.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира