Актерката Кристина Атанасова-Арсова е нова в. д. директорка на Центарот за култура Ацо Шопов“ во Штип. Доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајков, кој во последната година од мандатот имаше расправии со Општина Штип околу изградбата на катната гаража во напосредна близина на Домот на културата. Примопредавањето на фунцијата ќе се изврши в понеделник, кога досегашниот директор ќе се врати од одмор .
Атанасова-Арсова (44) е дипломирана актерка на Факултетот за драмска уметност (ФДУ), вработена е во Народниот театар во Штип. Има педесетина актерски улоги, а играла и во телевизиската серија„ Македонски народни приказни“. Родена е во Штип, но живее во Кочани каде од 2016 до 2019 беше директорка наЦентарот за култура „Бели Мугри“.
Таа е и советничка во Советот на Општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Т. ЈОВАНОВСКИ