АКТЕРОТ ЈОРДАН ВИТАНОВ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    АКТЕРОТ ЈОРДАН ВИТАНОВ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОВитанов наградата ќе добие на 15 мај, на отворањето на Фестивалот на комедијата „5ре“. (Фото: СДК.МК)

    Јордан Витанов е годинашен добитник на актерска награда „Петре Прличко“ за животно дело, соопшти градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев најавувајќи ги содржините на 2. Фестивал на комедијата „5ре“.

    „Наградата е едногласно доделена од тричленото жири. Имало пристигнато две пријави по конкурсот кој го распиша Општина Велес“, кажа Колев.

    Витанов од минатата година е во пензија, но и натаму настапува на матичната сцена. Активна е претставата „Татко“ каде тој ја толкува главната ролја. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.

    Наградата ќе се врачи на 15 мај, на отворањето на Фестивалот „5ре“. Таа е парична во висина од 500 евра и плакета со ликот на Прличко.

    Советот на Општина Велес го избра жирито, чиј претседател е актерот Игор Џамбазов и лански добитник на наградата, а членови се драматургот Дејан Дуковски и  актерката Талија Настова од Велешки театар. Наградата се доделуваше како дел од свеченостите за 9 Ноември, Денот на Општината, а од лани се доделува во рамките на фестивалот на комедијата „5ре“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира