АКТУЕЛНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА БИТОЛА, ОХРИД, ВЕЛЕС И СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ АЕРОДРОМ, БУТЕЛ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СЕ КАНДИДАТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    АКТУЕЛНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА БИТОЛА, ОХРИД, ВЕЛЕС И СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ АЕРОДРОМ, БУТЕЛ И ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СЕ КАНДИДАТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИСè уште се прават анкети и анализи за кандидат за градоначалник на Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се 25 кандидати за градоначалници од оваа партија на претстојните Локални избори во октомври. Актуелните градоначалници на скопските Општини Аеродром, Дејан Митески, Бутел, Дарко Костовски и Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ќе бидат кандидати на претстојните избори. По втор мандат ќе одат и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на Кавадарци, Митко Јанчев, на Охрид, Кирил Пецаков, на Велес, Марко Колев, на Штип, Иван Јорданов и на Гевгелија, Андон Сарамандов.

    Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Чучер-Сандево е Зоран Бајовски, за Свети Николе е Дејан Владев, за Карбинци е Виктор Паунов, за Градско е Киро Нацков, за Зелениково е Коста Маневски. Во Општина Илинден ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со актуелниот градоначалник Александар Ѓоргиевски, во Конче со Златко Ристов, во Делчево со Иван Гоцевски.

    Во Ново Село кандидат ќе биде Ѓорге Божинов, во Василево, Славе Андонов, во Босилово, Ристо Манчев, во Берово, Петар Ружински, во Петровец, Борче Митевски, во Вевчани, Спасе Кочовски, во Брвеница, Јовица Илиевски и во Јегуновце, Димитар Костадиновски.

    Како што кажа на прес-конференцијата членот на Изврпниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, сè уште се прават анкети и анализи за кандидат за градоначалник на Град Скопје, во игра се повеќе кандидати меѓу кои се министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира