АЛЕРГИЈА ВО „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ВО БИТОЛА, КОМПАНИЈАТА ОБВИНУВА ДЕКА ЛЕКАРИ ШИРАТ ШПЕКУЛАЦИИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЛЕРГИЈА ВО „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ВО БИТОЛА, КОМПАНИЈАТА ОБВИНУВА ДЕКА ЛЕКАРИ ШИРАТ ШПЕКУЛАЦИИ

    Алергија се појавила кај вработени во фабриката за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола. Од фабриката за „САКАМ ДА КАЖАМ.МК“ соопштија дека се работи за алергија од растение амброзија кое расти во кругот на индустриската зона.

    Од таму ги демантираат информациите дека алергиите биле резултат на извесен пестицид со кој ги мачкале каблите во фабриката за заштита од глувци. Ваквите информации, велат од менаџментот на фабриката,  се шпекулации, зашто одговорно тврдиме дека каблите не ги мачкаме со ништо и никогаш не би дозволиле да го загрозиме здравјето на вработените.

    „Кај десетмина вработени се појавија алергиски реакции и тие беа испратени на алерго тест на трошок на компанијата. Тестот покажа дека се алергични на амброзија, трева која расте во околината  и досега неколку пати сме побарале од надлежните во општината да биде отстранета. Оваа трева цвета неколку пати годишно и предизвикува алергиски реакции“, велат од компанијата.

    Од таму се револтирани на медицински лица од градот за кои велат дека шират дезинформации дека се работи за алергија од извесен пестицид.

    „Ваквите информации се тенденциозни и невистинити. Ние ја собравме целата документација и испративме и допис до овие медицински лица да дојдат да ги погледнат резултатите и да се уверат дека се работи за алергија од амброзија, ада до сега не дошле“, велат од „Кромберг и Шуберт“.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира