АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ШТО ВОЗЕЛО ДЕТЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ УДРИЛО ВО СТАДО ДИВИ СВИЊИ НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – СКОПЈЕ

    АМБУЛАНТНО  ВОЗИЛО ШТО ВОЗЕЛО ДЕТЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ УДРИЛО ВО СТАДО ДИВИ СВИЊИ НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – СКОПЈЕВозилото налетало на стадо од диви свињи на автопатот, при што возилото удрило во една свиња и е оштетено, велат од болницата. - (Фото: Фејсбук)

    Амбулантно возило на велешката болница удрило во стадо диви свињи на автопатот Велес – Скопје на местото викано Ајдучка чешма, соопшти велешката полиција.

    Несреќата се случила во петокот навечер кога екипа на болницата превезувала дете со изгореници, што е во живото-загрозуваачка состојба, изјавија од болницата.

    „Единаесетгодишното дете од село Кочилари со изгореници во живото-загрозувачка состојба  е препратено  на Клиниката за пластична хирургија во Скопје“, изјави Марина Андова портпарол на Општата болница во Велес.

    Пренесувајчи го детето како итен случај за Скопје возилото налетало на стадо од диви свињи на автопатот, при што возилото удрило во една свиња и е оштетено, велат од болницата.

    Верољуб Додевски, портпарол на велешката полиција изјави дека во возилото полесно е повредена и сопатничка, која заедно со детето исто така била примена во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

    Во велешкиот суд има бројни пресуди за оштета на возачи, кои удриле во куче, крава кои се движеле по автопат.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира