Вртелешката кај паркот Авионче во населбата Ново Лисиче од пред неколку дена е тргната. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ја отстраниле вртелешката и ја однеле во Луна паркот, кој е затворен и не работи.
Од Општина Аеродром велат дека не биле информирани од Град Скопје или ЈП „Паркови и зеленило“ дека вртелешката ќе се тргне и не знаат која е причината поради која е однесена во Луна парк кога тој не работи.
Вртелешката е дел од проектот „Скопје 2014“. Ексградоначалникот Коце Трајановски постави две вртелешки во центарот на градот, една на Плоштад Македонија веднаш до Камени мост, а втората спроти зградата на Министерството за надворешни работи. Кога во 2017 на функција дојде Петре Шилегов, ги тргна вртелешките од центарот велејќи дека местото не им било соодветено. Едната беше однесена во Градски парк, а втората во Ново Лисиче, каде двете беа многу користени од посетителите особено за викендите.
Првата вртелешка поставена на Плоштадот во 2013 чинеше околу 160.000 евра, а ја набави ЈП „Паркови зеленило“ со пари кои му беа префрлени од буџетот на Град Скопје. Втората вртелешка пред барокната зграда на МНР односно на Плоштадот Пресвета Богородица чинеше 187.000 евра.
- ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ ТРГНЕ ВРТЕЛЕШКИТЕ ОД СКОПЈЕ 2014
-
ВО ТОПААНСКО НЕ ЈА САКААТ ВРТЕЛЕШКАТА ОД „СКОПЈЕ 2014“, ШИЛЕГОВ БАРА НОВА ЛОКАЦИЈА
А. АНТЕВСКА