Низ улиците во Скопје денеска на празникот 1 Мај нема поставено ниту едно знаме. Град Скопје ги поставува знамињата на сите државни празници. Но, за првпат, во мандат на градоначалничката Данела Арсовска службите на Градот заборавија да ги постават знамињата низ улиците.
Редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК направи обиколка низ центарот на градот, и булеварите Партизански одреди, Илинденска, улицата Теодосиј Гологанов и Димитрие Чуповски. Знамиња немаше, единствено се вееја знамињата пред зградата на Владата кои го поставуваат владините служби.
Поставувањето на знамињата започнува 24 часа пред, а завршува најдоцна 4 часа пред празникот. Знамињата се поставуваат на метални држачи кои ги има на столбовите за улично осветлување.
А. АНТЕВСКА