АВТОМОБИЛ УДРИ МЕЧКА НА ПАТОТ ДЕБАР-МАВРОВО, ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ВЕЛАТ МОЖЕ ДА БИДЕ АГРЕСИВНА КОН ЛУЃЕТО

    АВТОМОБИЛ УДРИ МЕЧКА НА ПАТОТ ДЕБАР-МАВРОВО, ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ВЕЛАТ МОЖЕ ДА БИДЕ АГРЕСИВНА КОН ЛУЃЕТОНесреќата се случила на потегот меѓу селото Јанче и Ростушки мост

    На фејсбук страницата на националниот парк Маврово доцна синоќа беше објавена информација дека е повредена мечка, која може да биде агресивна и опасна за луѓето. Мечката била удрена од автомобил на делницата Дебар-Маврово.

    Ве известуваме дека на потегот меѓу селото Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна“, објавија од НП Маврово.

    Оттаму исто така советуваат дека доколку некој ја забележи мечката, веднаш да ги извести нивните служби.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира