На делницата Велес-Градско на автопатот А1 во функција е пуштено ЛЕД осветлување. На мостот и клучката Велес-Југ се поставени 101 канделабра со 140 светилки со ЛЕД технологија, при што се осветлени 4.000 квадратни метри од патот.
„Ова е првпат на некоја делница од автопатиштата во земјава да се постават ЛЕД светилки и најсовремени канделабри“, изјави Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта, при посетата на Велес.
Осветлувањето пробно функционирало еден месец и откако немало забелешки, тоа е предадено во функција. За оваа намена, Јавното претпријатие за државни патишта потрошило 18.365.000 денари
П. ПЕЧКОВ