БАКРАЧЕСКИ ГО ПУШТИ ЗАМЕНИКОТ ДА КАЖЕ ДЕКА ЌЕ СТРАДАЛ ТУРИЗМОТ ПОРАДИ ЗАПИРАЊЕ НА ГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ

    БАКРАЧЕСКИ ГО ПУШТИ ЗАМЕНИКОТ ДА КАЖЕ ДЕКА ЌЕ СТРАДАЛ ТУРИЗМОТ ПОРАДИ ЗАПИРАЊЕ НА ГРАДБАТА НА АВТОПАТОТОхридскиот градоначалник Никола Бакрачески со поранешниот премиер Никола Груевски на увид на изградбата на автопатот Кичево-Охрид на 24 мај. (Фото: МИА)

    Градоначалникот на Охрид Никол Бакрачески не се реши самиот да каже што мисли за запирањето на градбата на автопатот Охрид-Кичево, туку го пушти заменикот градоначалник Ангел Јанев да каже колку запирањето на градбата на автопатот било штетно за туризмот на охридско струшкиот брег. Тој тоа го направи на прес-конференција на дел од трасата на автопатот на излезот од Охрид.

    „Сигурно не треба да се укажува дека овој автопат требаше да биде од огромно значење и за домашните и странските туристи. Говориме требаше, бидејќи деновиве сме сведоци дека градежните активности на се она што треба да преставува автопат се замрени. Освен некои информации од средбата со Лин Лисјен, амбасадорката на Кина во Македонија, на која средба се разговарало и за оваа тема, молк”, кажа Јанев.

    Бакрачески пред почетокот на главната туристичка сезона неколку пати најавуваше дека оваа ќе биде една од рекордните, иако на самиот почеток на летото охридскиот брег е полупразен. Овде летуваат едвај нешто повеќе од две илјади туристи, најмногу од земјите на Бенелукс.

    Изградбата на автопатот Кичево- Охрид неколку месеци е во застој. Извештајот на надзорот покажува дека причината за стопирањето е во сериозните грешки во проектот кои биле утврдени уште пред повеќе месеци.
    Автопатот во должина од 57 километри, кој чини 375 милиони евра, планирано беше да биде готов во следната година.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира