Бебе на возраст од само осум дена без знаци на живот било донесено вчера во прилепската болница „Борка Талески“, соопшти СВР Битола.
„На 11.12.2025 во 08:35 часот, во СВР Битола е пријавено дека на Детското одделение при Општата болница во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.
Од Обвинителството велат дека по наредената обдукција ќе се чека вештиот наод за да се утврдат причините за смртта. За случајот е известен и Центарот за социјални работи во Прилеп.
Родителите го нашле бебето починато кога се разбудиле. Ова било трето дете на мајката, која има и 17-месечно бебе и тригодишно дете.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



