Не се остварија очекувањата за рестарт на Фабриката за кабли од Неготино, откако на почетокот од септември околу 120 работници во некогашниот гигант останаа без работа. Некои од нив тогаш потврдија дека очекуваат да се вратат во фабриката за еден месец. Претходно, еден месец работеле за седумдесет проценти од плата, а и пред тоа имало дисконтинуитет во производството.
„Поради недоволно обезбедени финансиски услови, имавме прекини во работењето. Од друга страна пак, како последица на дисконтинуитетот во работењето, имавме нерентабилно производство. Од тие причини, во август сите околу 120 работници бевме на колективен одмор со исплата на 70 проценти од плата. Поради необезбедување на финансиски услови за рентабилно производство, не се продолжени договорите за работа. Информирани сме дека се очекува обезбедување на финансиски услови за континуирано и рентабилно работење. Тоа е тоа што официјално ни е кажано и нам“, рекоа во септември од последното раководство на фабриката, која во моментов има бугарски сопственик.
Тогаш не можеа да кажат како ќе се одвиваат работите во иднина, но се надеваа дека ќе дојде до надминување на проблемите, за фабриката повторно да работи. Денеска повторно се обидовме да стапиме во контакт со досегашното раководство, но наидовме на недостапни мобилни телефони.
Од Агенцијата за вработување потврдија дека на 115 лица им истекол договорот за вработување на определено време.
Во златните времиња на фабриката, основана во 1968 година на површина од 25 илјади квадратни метри, беше надалеку позната и со кабел го снабдуваше поширокиот регион. Некогаш овде беа вработени околу илјада работници. Низ годините, се сменија неколку газди. Во најдобрите времиња на фабриката, во Неготино имаше и посебна струка на образование, поради потребата од кабловски работници.
БЕЗ РАБОТА ОСТАНАА 115 РАБОТНИЦИ ОД ФАБРИКАТА ЗА КАБЛИ ВО НЕГОТИНО
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Неготино,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.