На територијата на Општина Центар досега од јавни површини отстранети се 40 хаварисани возила. Во рамките на проектот „И отпадот има вредност“ на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ отстранетите возила се однесени на отпад, а сопствениците добиле соодветен надоместок.
Директорот на претпријатието Васко Кичевски вели дека според нивните проценки, во Центар има околу 200-250 каварисани возила и приколки, но без согласност на сопственикот не можат да ги отстранат.
„За да се ослободи јавна површина од хаварисани и напуштени возила и приколки кои претставуваат опасност за жителите и животната средина треба согласност од сопственикот. Затоа ги повикуваме граѓаните хаварисано возило да го пријават на 075 476-762 и да добијат надомест за откуп како старо железо“, вели Кичевски.
ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ пред една година потпиша договор со „Васкони Скрап“ која ги откупува хаварисаните возила.
А. АНТЕВСКА