БЕЗДОМНИЦИТЕ СЕ СТЕПАЛЕ ИЛИ НЕКОЈ ГИ НАПАДНАЛ, ИСТРАЖУВА БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БЕЗДОМНИЦИТЕ СЕ СТЕПАЛЕ ИЛИ НЕКОЈ ГИ НАПАДНАЛ, ИСТРАЖУВА БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА

    54-годишниот Сашо Дохан е бездомникот кој почина бо Битола, а неговиот другар 49-годишниот Пеце Андреевски е хоспитализиран во битолската болница со повреди на телото.

    Двајцата неколку години престојувале во руинирана куќа на улица “4 ноември” во Битола.

    „Утрово едниот заѕвонил кај соседите во 5.50 часот, жалејќи се на повреди. Соседот повикал полиција и Брза помош. При увидот, едното лице било пронајдено мртво во лежечка положба во куќата. Имал телесни повреди и телото е дадено на обдукција“, вели Сања Стаматова, портпарол на битолската полиција.

    Дознаваме дека починатиот Сашо имал рани по телото и рацете, па ќе се испитува дали биле од болест или пак се работи за повреди. Се испитува и кога починал.

    Другиот бездомник е хоспитализиран во битолскатаболница на Хируршко оделение со повреди и смрзнатици. Полицијата истражува дали имало тепачка или ги нападнал некој друг.

    Жителите од улицата „4 ноември“ велат дека во руинираната куќа живееле околу пет години. Прво се вселил Сашо, па го повикал Пеце. Двајцата имале семејства, но не живееле со нив. Едниот бил разведен.

    „Им помагавме со храна, од здружението ‘Утешител’ им набавија два кубика дрва, им купуваа лекови. Редовно одеа да се хранат во народната кујна“, велат соседите.

    Едниот примал социјална, а другиот постојана парична помош од државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира