БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ПОЗЕЛЕНЕА ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА ВОДА, А ПОМОШНИОТ КАНАЛ СЕ ИСУШИ

    БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ПОЗЕЛЕНЕА ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА ВОДА, А ПОМОШНИОТ КАНАЛ СЕ ИСУШИНиз Билјанини Извори не тече вода, бидејќи нема дотек од врвовите на Галичица (Фото: СДК.МК)

    Поради недостаток на вода, Билјанини Извори во Охрид позеленеа, а помошниот канал, кој се наоѓа веднаш до Студенчишкиот, се исуши. Никогаш досега овие извори не останале без вода речиси два месеци.

    „Ние не ја користиме каптажата над Билјанини Извори за водоснабдување на градот со вода за пиење. Црпењето е запрено. Целата вода е насочена кон Студенчишкиот канал за плашицата која тука ќе презими да има и вода и кислород. Еден дел е наменет за мрестилиштата во Хидробиолошкиот завод. Низ Билјанини Извори не тече вода, бидејќи нема дотек од врвовите на Галичица”, велат во Охридски водовод.

    Помошниот канал беше изграден за да се прифатат и канализираат водите што неконтролирано се слеваа на овој дел од брегот. Но, и тој пресуши поради недоволно вода и во него се појавија трски и други водени растенија.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира