На листата со важни услови за вработување, магистратурата не котира баш најдобро со оглед на тоа дека само во Агенцијата за вработување во Битола без работа чекаат 84 магистри. Битола е лидер од градовите во внатрешноста од Македонија по број на невработени кадри со завршен седми степен на образование. По Битола доаѓаат Прилеп, на трето место Тетово, пa Куманово.
За 15 години за десет пати се зголемила бројката на магистрирани восокообразовани кадри кои немаат работа. Така, во 2003 на листата на чекање во Агенцијата за вработување во Битола биле само осуммина магистри на наука.
Во просек е потребно барем две до три години за да се завршат постдипломските судии, а веројатно никој од дипломираните магистри не ни сонувал дека после тоа ќе помине уште толку време чекајќи работа во Агенцијата за вработување. Дури седумнаесетмина чекаат работа по четири и повеќе години.
Најмногу ги има магистри од областа на правните науки, од 84 дури 29 или 34 проценти. На второ место се магистрите по економски науки, дури 12. На листата има и магистри по кадровски менаџмент, човечки ресурси, математика, анимални производи, квалитет на храна и друго.
На конкурсите работодавачите ретко бараат магистри или доктори на науки, освен ако не се работи за факултетски професори. Оние кои имаат егзистенцијални проблеми неретко прифаќаат работни места со пониско образование.
Ж. ЗДРАВКОВСКА