64-годишен битолчанец исплатил 22.500 евра на измамничка која им рекла дека ќе им го вработи синот во Министерството за внатершни работи. Против 43-годишната М.Л. од Битола, полицијата поднесе кривична пријава за измама.
Од СВР Битола соопштија дека пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице.
„Лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки. Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22.500 евра“, соопштија од СВР Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА