БИТОЛЧАНЕЦ СНИМА СКРИЕНА КАМЕРА И ГИ ПЛАШИ СОГРАЃАНИТЕ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ОД КОРОНАВИРУС И ДЕЗИНФИЦИРА

    БИТОЛЧАНЕЦ СНИМА СКРИЕНА КАМЕРА И ГИ ПЛАШИ СОГРАЃАНИТЕ ДЕКА ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ОД КОРОНАВИРУС И ДЕЗИНФИЦИРАЛицето со белиот мантил не го држи потребното растојание од соговорниците, им вика и ги допира, а не се знае ни со што материја прска по клупите низ градот. (Фото: Принтскрин од видео)

    Во вонредна состојба, кога надлежните апелираат да се остане дома и да не се дига паника со коронавирусот, битолчанец наречен „Ритко мдфк“ (Ritko mdfk) снима скриена камера заплашувајќи ги жителите на Битола дека ќе им мери температура и ќе уапси. На снимката насловена „Битола под карантин поради коронавирусот“, Ритко е облечен во бел мантил со заштитна капа и ракавици, туба и прскалка за дезинфекција.  Воедно, лицето со белиот мантил не го држи потребното растојание од соговорниците, им вика и ги допира. Не се знае ни со што материја прска по клупите низ градот.

    Облечен така се шета низ паркот во центарот на Битола и ги станува битолчани од клупите за, како што вели, да ги „дезинфекцира“, притоа додавајќи „и нас ни дават работа ѓомити дезинфекција“, со што кај грѓаните ја руши довербата во мерките што се презмеаат за заштита од вирусот.

    Друг битолчанец затекнува кај фонтаната во центарот на градот и му вели: „Господине, да не имаш вирус, морам да те проверам, ела со мене. Ела да ти мерам температура. Да не имаш од вирусот, ќе те упасам“. Човекот почнува да му се правда дека работи во здравствена институција и дека е здрав. А овој му возвраќа „не смејш да седиш со газот на клупите ако имаш вирус“, дури отпосле му кажува дека е скриена камера.

    Понатаму, од клупа брка девојче со викање и заплашување. На Шеталиште затекнува неколкумина битолчани со кучиња и бара од газдите да ги држат кучињата за тој да ги попрскал, а потоа и нив да ги „дезинфекцирал“ оти ги држеле. Еден од луѓето му возвраќа „не треба да го држам, тренирано куче е, ок?“ Овој почнува на англиски да му вика заканувајќи се дека ќе повика полиција. Ова се само дел од снимените ситуации во скриената камера.

    Да не беше моменталната ситуација со коронавирусот скриената камера можеше да ги насмее битолчани, но во овие моменти велат дека ова е неодговорно однесување.

    Материјалот е објавен на 21 март, што значи откако беше воведена вонредна состојба во земјава. Во услови кога и онака постои паника од заразната болест, материјалот може да предизвика уште поголема паника додека се снима. Нема информации дали МВР ќе го истражува овој случај.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира