БИТОЛЧАНКА Е ПОЧИНАТАТА ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СОЛУН, ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА СООПШТИ ДЕКА ПРВО СЕ СУДРИЛЕ ДВЕ ВОЗИЛА, ПА ВО НИВ УДРИЛО ТРЕТО

    БИТОЛЧАНКА Е ПОЧИНАТАТА ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СОЛУН, ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА СООПШТИ ДЕКА ПРВО СЕ СУДРИЛЕ ДВЕ ВОЗИЛА, ПА ВО НИВ УДРИЛО ТРЕТОПо сообраќајката за извлекување на девојките од возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресеклe вратите за да можат да ги извлечат. (Фото: Александреа-Гидас.Гр)

    Битолчанка е 29-годишната девојка М. Н. која загина вчера во сообраќајната несреќа на патот кон Солун во Грција. Грчката полиција денес излезе со детали за вчерашната трагедиј на патот Игнација на излезот Нисели во правец на Солун.

    Во соопштението, кое го пренесуваат грчките медиуми, се вели  дека сообраќајката се случила вчера (21 јуни) во 12 часот кога возило управувано од 25-годишна странска државјанка се судрило со друг автомобил управуван од 73-годишен жител на Грција, а потоа трето возоло управувано од 52-годишен Грк се судрило со претходните две возила. При несреќата, 29-годишната патничка од странското возоло добила смртни повреди, а други две странски државјанки на возраст од 24 години и 73-годишниот возач на второто возило биле повредени. Од Секторот за сообраќај во Верија се врши прелиминарна истрага за точните причини за несреќата, се додава во соопштението.

    Девојката која почина во истото возило патувала со три другарки, сите битолчанки, од кои две добиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во болниците во Верија и Солун, а третата девојка поминала со полесни повреди. Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) вчера јавија дека двете сопатнички на починатата, А. К. (2000) и М. Р. (2000) добиле тешки повреди, а  И. Ј. (1999) не е повредена.

    Грчките медиуми јавија дека по сообраќајката за извлекување на девојките од возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресеклe вратите за да можат да ги извлечат. Сообраќајот бил во прекин додека повредените со возило на Брза помош биле превезувани в болница и возилата биле преместени покрај патот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира