БИТОЛСКИОТ ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА ЗИМАВА ЌЕ СТАНЕ ЛИЗГАЛИШТЕ

    БИТОЛСКИОТ ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА ЗИМАВА ЌЕ СТАНЕ ЛИЗГАЛИШТЕМатеријалите за лизгалиштето ќе се поставуваат од понеделник, а до 20 декември ќе треба да проработи. (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола во соработка со Јавното претпријатие „Паркинзи“ поставува лизгалиште во најстрогиот центар на градот, на плоштадот Магнолија, како новогодишна атракција за престојните празници. Лизгалиштето ќе зафаќа добар дел од површината на плоштадот, но градоначалникот Тони Коњановски и директорот на „Паркинзи“ Зоран Михајловски велат дека ќе се остави простор за минување и поставувањето ќе биде со строго запазени процрдури за заштита на плочникот од Широк Сокак.

    „Лизгалиштето ќе биде поставено токму во централната локација на плоштадот и таму ќе стои од 20 декември до средината или крајот на јануари. Се одлучивме за оваа локација поаѓајќи од она што се прави во сите европски центри, бидејќи тука ќе ја долови целата слика на зимската приказна, прекрасно украсениот Широк Сокак, културното богатство што го имаме, архитектонското богатство и ќе се вклопи во оваа средина на задоволство на битолчани“, рече Коњановски.

    Лизгалиштето е изнајмено од фирма преку јавна набавка. На терен веќе се одвиваат подготвителните активности околу утврдување на димензиите, а материјалите ќе се поставуваат од понеделник. До 20 декември, ќе треба да проработи.

    „Ќе биде поставено 60 дена, а ќе нуди услуги секојдневно кога временските услови тоа го овозможуваат. Не треба многу топло време и големи врежи дожд. Ќе има лизгалки за изнајмување, цената треба да биде донесена на седница на Советот, но ќе биде достапна за сите категории на граѓани, ќе има и попуст за организирани групи“, рече Михајловски.

    Лизгалиштето е дел од годинешната новогодишна програма под мотото „Празниците живеат во Битола“ во рамки на фестивалот „Зимска приказна“, кој ќе понуди забавни содржини од 20 декември до 6 јануари. Градоначалникот најви дека Битола зимава ќе биде најукрасениот град во пошироката околина и дека очекува гости од цела држава и до Грција.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира