БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ ПРЕМИЕРАТА НА ПРЕТСТАВАТА „РИБАРСКИ КАРАНИЦИ“ НА ОТВОРЕНО КРАЈ РОТИНСКОТО ЕЗЕРО

    БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ ПРЕМИЕРАТА НА ПРЕТСТАВАТА „РИБАРСКИ КАРАНИЦИ“ НА ОТВОРЕНО КРАЈ РОТИНСКОТО ЕЗЕРОБитолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото (Фото: СДК.МК)

    Премиерата на претставата  „Рибарски караници“, по текст на Карло Голдони, а во режија на Јован Ристовски, на 25 јули ќе биде изведена на отворено, до Ротинското Езеро во потпелистерското село Ротино.

    Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола започна со реконструкција на патот до езерото, туристичка атракција каде што првпат ќе се одигра театарска претстава. Од Народниот театар во Битола велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот, а директорот Васко Мавровски најави театарски спектакл.

    Во комедијата играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира