БИТОЛСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА БАРААТ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА УСЛУГИТЕ

    БИТОЛСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА БАРААТ ПОВИСОКИ ЦЕНИ ЗА УСЛУГИТЕЗа корекција на цените се заборуваше на работните средби меѓу директорите на „Нискоградба„ и „Паркинзи“ со градоначалникот Тони Коњановски. (Фото: СДК.МК)

    Темата за корекцијата на цените на услугите што ги пружаат јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Паркинзи“ од Битола денеска повторно беше отворена на работната средба меѓу директорите и градоначалникот Тони Коњановски. Од Општината соопштија дека на средбата со директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски, меѓу другото, се разговараше и за „корекција на цената на услугите кои ги дава ова јавно претпријатие, а која е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад“.

    Напоредно со други прашања, истата тема беше отворена и на денешната средбата со Зоран Михајловски, директорот на „Паркинзи“, кој пред еден месец изјави дека поскапувањето на паркинг услугите е неминовно и од економски и од еколошки аспект.

    „Наместо досегашниот пакет 40 денари за три часа, кој е надвор од секоја логика за регулација на сообраќајот во централната А зона и кој наместо да го одвратува непотребните паркирања, ги стимулира, на мислење сме дека треба да се воведе и ограничување на времетраењето на паркирањето во централната зона на еден или неколку часови“, изјави Михајловски лани на 25 декември.

    Пред крајот на 2025,  на заедничка трибина дел од директорите на јавните претпријатија соопштија дека растат платите и трошоците, а цените на услугите не се променети со години.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира