Најголемиот дрогериски синџир во Европа „ДМ“ донираше два респиратора за да ја помогне борбата против коронавирусот, соопшти компанијата. Вкупната вредност на донацијата е 36.600 евра. Респираторите се донирани во Министерството за здравство, кое ги распредели во ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.
„‘ДМ‘ е компанија заснована на принципите на друштвена одговорност. Се надеваме дека овие два респиратора „примус“ од германскиот производител ‘Дрегер‘ ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме”, изјави Предраг Петровиќ, член на управата на „ДМ“ за Србија и Македонија.
Компанијата „ДМ“ неодамна одбележа седум години успешно работење на македонскиот пазар.