Државниот инспекторат за животна средина објави дека при последното загадување на реката Брегалница, чија вода пред пет дена целосно побеле кај Штип, станува збор за текстилната хемикалија „литекс С 9070“ која била нетоксична и се користела како сврзувачко средство за технички текстил. Според извештајот на Инспекторатот, фирмата „Техникал“ од каде истече белата хемикалија преку амтосферскиот канал директно во реката Бргеалница, имала решение за вршење прометна дејност со хемикалии во магацински простор и поседува безбедносен сертификат за хемикалијата „литекс С 9070“ од германскиот призводител „Синтомер“.
Инспекторатот вели дека штипската фирма поседува решение за одобрен елебарат за животна средина од Општината Штип од 2015, во кој е утврдено дека фирмата во технолошкиот процес нема да испушта отпадни индустриски води и емисии во воздух.
Градоначалникот на Штип Благој Бочварски уште еднаш нагласи дека за овој случај одговорност мора да има и за секој што се огрешил треба да има казна. Според законот, за ваков прекршок казната изнесува 3.000 евра за стопанскиот субјект.
Штипската крим-техника на испитување прати три мостри и ги чека резултатите. Риболовното друштво од Штип тврди дека веќе го нема белилото во реката и дека досега не е забалежан помор на рибите.
Т. ЈОВАНОВСКИ