Моторен чамец со пет патници кој вчера пловел низ Преспанското Езеро удрил во пластична цевка со поголем профил која необележана пловела над водата, соопштија од СВР Битола. Од ударот чамецот бил оштетен, а сите патници биле исфрлени во водата, но не се повредени.
Инцидентот се случил вчеравечер во 20,40 часот, на околу три километри од брегот во правец на туристичката населба Претор, а известена Охридската капетанија.
Ж. ЗДРАВКОВСКА