ЧИСТЕЈЌИ ГО СНЕГОТ „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ТУРНА 30 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО БИТОЛСКО

    ЧИСТЕЈЌИ ГО СНЕГОТ „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ТУРНА 30 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО БИТОЛСКООд „Македонија пат“ велат дека најдоцна за два дена знаците ќе бидат поправени (Фото: СДК.МК)

    Полегнати се триесетина сообраќајни знаци кои го регулираат сообраќајот на регионалните патишта што ја поврзуваат Битола со Ресен и Новаци.

    „Вака е откако падна последниот снег пред десетина дена. ‘Македонија пат’ при чистењето го истурка снегот на краевите од коловозот, па се потиснаа и сообраќајните знаци кои беа поставени пред неколку месеци, кога беше реконструиран патот од Битола за Новаци и РЕК“, вели Злате Николовски, жител на Новаци.

    Дел од знаците се накривени, а дел турнати на земја.

    Од битолската полиција велат дека ја констатирале ваквата состојба на терен и го предупредиле „Македонија пат“ да ги прицврсти знаците.

    „Денеска добивме допис од СВР Битола и наши екипи излегоа веднаш на терен. Ова се должи на наносите снег, но и при чистењето на снегот некои знаци се турнати при употреба на механизација со поголеми ножеви“, рече директорот на битолската подружница на „Македонија пат“, Беким Мемеди.

    Најдоцна за два дена знаците ќе бидат поправени и прицврстени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира