ЧЛЕНОВИТЕ НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ СÈ УШТЕ НЕМААТ ДОБИЕНО НАДОМЕСТОЦИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОТИ ЖИРО-СМЕТКАТА НА ОПШТИНА ТЕТОВО Е БЛОКИРАНА

    ЧЛЕНОВИТЕ НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ СÈ УШТЕ НЕМААТ ДОБИЕНО НАДОМЕСТОЦИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОТИ ЖИРО-СМЕТКАТА НА ОПШТИНА ТЕТОВО Е БЛОКИРАНАЗа да се исплатат сите 1.170 членови потребни се 12 милиони и 200 илјади денари (Фото: СДК.МК)

    Од локалните избори поминаа повеќе од два месеца, а 1.170 членови на избирачките одбори и на Општинската изборна комисија Тетово сè уште ги немаат добиено надоместоците за нивниот ангажман. Причината за ова е блокираната жиро-сметка на Општина Тетово.

    „Нашата општина има блокирана жиро-сметка. Двапати испративме допис до Државната изборна комисија да се исплати надоместок на членовите на избирачките одбори и на ОИК. Чекаме службено да нè известат од ДИК“, изјави Назми Даути, претседател на ОИК Тетово.

    Вакви проблеми на општинските изборни комисии имало и порано, па решението било барано во Министерството за финансии, кое наоѓало начин да се изврши исплата на овие надоместоци.

    Испративме допис до Министерството за финансии, каде што се објаснува целата ситуација и се бара решение. Сме имале и порано вакви ситуации со други општини и тогаш помагаше Министерството за финансии согласно законските можности“, изјави Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.

    За да се исплатат сите 1.170 членови потребни се 12 милиони и 200 илјади денари.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира