ДА ГО СПАСИМЕ ОХРИД ОД ЦРНАТА ЛИСТА НА УНЕСКО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДА ГО СПАСИМЕ ОХРИД ОД ЦРНАТА ЛИСТА НА УНЕСКО

    Статусот на Охрид како град на УНЕСКО и улогата на пратениците во заштитата на овој град од бизнис плановите на владите во Скопје кои се понекогаш на штета на културно и историско значење на Охрид во светски рамки, е тема на петтото продолжение од серијалот „Пратеник од доверба“.

    Охридското езеро е запишано во листата на УНЕСКО од 1979 година а една година подоцна и градот е впишан како културно наследство од светско значење.
    „Ставени сме пред тест на УНЕСКО, деновиве треба да дојде Комисија за да видиме дали ќе нè стават на црната листа за загрозени подрачја. Ние како пратеници прво што треба да побараме е една надзорна расправа на која што сметам дека треба да се отворат картите и да се повикаат на одговорност наведените институции“ , вели пратеничката од СДСМ од сегашниот состав Жаклина Лазаревска.

    ТВ серијалот „Пратеник од доверба“ е составен од прилози, снимени во шест града, од шесте изборни единици, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Струмица и Охрид, со различни профили на соговорници, поранешни пратеници, граѓански активисти и јавни личности од културниот и спортскиот живот и има за цел да ја едуцира јавноста за значењето на функцијата пратеник и да се обезбеди подобра врска меѓу граѓаните и законодавниот дом и со тоа да се подобри квалитетот на претставничката демократија во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира