ДА НЕ СЕ ПРАВИ ЦИРКУЗ ОД ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР, АПЕЛИРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЏОЛОМАРИТЕ ОД СОПОТ

    ДА НЕ СЕ ПРАВИ ЦИРКУЗ ОД ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР, АПЕЛИРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЏОЛОМАРИТЕ ОД СОПОТЏоломарството е игра со која што со страшни преобразби се бркаат лошите духови. - Џоломари од Сопот

    Претседателот на џоломарите од Сопот Миле Грозданов апелира да се врати реномето на манифестацијата Тиквешки гроздобер, посветена на грозјето и производите од грозје. Според него, пари се трошеле, а се губел сјајот на настанот и побара веќе да не се прави циркуз од манифестацијата.

    Тој потсети дека во кавадаречкото село, од каде што е тој, традиционално го негува џоломарството како игра со која што со страшни преобразби се бркаат лошите духови.

    „Наша идеја е со поддршка на општината и државата џоломарските обредни игри од неколкуте села од Тиквешијата да влезат во една заедничка обичајна манифестација. Таа манифестација би се одвивала наизменично во секое од овие села, а ќе ни гостуваат карневалски групи наши пријатели. Ние како карневалска група сме влезени во светската Федерација на карневалски групи, карневалското живеење и те како може да привлече алтернативни туристи“, вели Грозданов.

    Тој се пожали дека и при гостувањето надвор од земјава во најголем дел самите се финансираат, па ако не им се помогне, нема да издржат уште многу.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира