ДАМЕ ДИМИТРОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

    ДАМЕ ДИМИТРОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕДимитровски најави итна седница наредната недела за ребаланс на буџетот. (Фото: К. Попов)

    Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на локалните избори, Даме Димитровски, е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Димитровски беше предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која со Вреди имаат мнозинство во Советот и беше изгласан со 23 гласа „за“.

    Советниците од СДСМ и Левица рекоа дека нема да гласаат за Димитровски.

    Новиот претседател рече дека ќе биде глас на разумот и ќе работи Советот да ја врати довербата кај граѓаните. Најави итна седница наредната недела за ребаланс на буџетот.

    Во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, по 6 советници имаат Левица, Вреди и ДУИ, а СДСМ пет. По еден советник имаат коалицијата „Искуство за успех“, ЗНАМ и граѓанските листи на „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“,

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира