ДЕЈАН ЦВЕТКОВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

    ДЕЈАН ЦВЕТКОВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАРНа досегашниот в. д. директор Владимир Димовски му истече мандатот во јули. (Фото: СДК.МК)

    Дејан Цветковски е именуван за нов вршител на должноста (в. д.) директор на Националната установа (НУ) Камерен оркестар на Битола. Министерот за култура Зоран Љутков го именува од редот на вработените во установата. Цветковски доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Владимир Димовски, на кого уште во јули годинава му истече мандатот да ја води институцијата до избор на нов директор.

    „Согласно член 34 од Законот за културата, во случај кога не е избран директор на национална установа или предвреме му престанал мандатот, министерот за култура веднаш именува вршител на должноста директор, без јавен оглас, од редот на вработените“, соопштија од Министерството за култура.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира