ДЕЛОВИ ОД ТЕТОВО ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА 14 ЧАСА ПОРАДИ ХАВАРИЈА ВО ТРАФОСТАНИЦА

    ДЕЛОВИ ОД ТЕТОВО ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА 14 ЧАСА ПОРАДИ ХАВАРИЈА ВО ТРАФОСТАНИЦАОва не е првпат Тетово повеќе часови да остане без струја. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Поголемиот дел од Тетово вчера изутрината остана без струја. Според информациите од Електродистрибуција при ЕВН околу 9 часот настанал дефект на 110КВ трафостаница „Тетово1“. Ова беше причина поголемиот дел од централното градско подрачје со околу 5.000 корисници да остане без струја сè до 14 часот. Струјата дојде, но,  за кратко бидејќи веќе во 16 часот се случи нова хаварија.

    Овојпат на 20 КВ кабел на изводот од трафостаницата „Тетово 1“. Тогаш околу 3.800 корисници кои живеат на потегот од градскиот пазар па сѐ до касарната во Тетово, останаа без СТРУЈА до полноќ, со што немаа струја вкупно 14 часа во текот на вчерашниот ден.

    „Ние како Општина добивме информација дека една трафостаница која го снабдува половина од градот изгорела и требало да се интервенира“, вели градоначалникот на Тетово Билал Касами.

    Вчера и општинската зграда беше без струја.

    Ова не е првпат Тетово повеќе часови да остане без струја. Во септември 2024, исто така поради дефект на трафостаница, во делови од градот немаше струја 30 часа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира