ДЕМОЛИРАНОТО ШЕТАЛИШТЕ НА КЕЈОТ КАЈ „ЖАБАР” КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПЛОЧНИК

    ДЕМОЛИРАНОТО ШЕТАЛИШТЕ НА КЕЈОТ КАЈ „ЖАБАР” КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПЛОЧНИКЌе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје почна да го реновира искршениот плочник на кејот на Вардар кај кафеаната “Жабар”. Овој дел од кејот со години е целосно уништен и демолиран, плочникот е искршен, сите клупи се уништени, а чешмите за вода не работат.

    Од Градот велат дека ќе се уреди потего во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, односно шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон. Ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад.

    „Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и претставуваше критично место при шетање или движење со велосипед”, велат од Градот.

    Град Скопје пред 15 дена почна и со реновирање на патеките во вториот дел од Градскиот парк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира