ДЕЦА ФРЛАЛЕ ПИРОТЕХНИКА, ПА ЗАПАЛИЛЕ ДРВО ВЕДНАШ ДО МУЗЕЈОТ НА ТЕТОВО

    ДЕЦА ФРЛАЛЕ ПИРОТЕХНИКА, ПА ЗАПАЛИЛЕ ДРВО ВЕДНАШ ДО МУЗЕЈОТ НА ТЕТОВОПожарникарите успеале брзо да го изгаснат огнот и не дозволиле да се прошири на зградата на Музејот (Фото: СДК.МК)

    Несовесна детска игра лесно можела да заврши со трагични последици. Синоќа нешто по 20 часот се запали едно дрво кое се наоѓа веднаш до Музејот на Тетово лоциран во центарот на градот. Веднаш била повикана противпожарната единица од Тетово, која успеала брзо да го изгасне огнот и не дозволи да се прошири на зградата на Музејот.

    „На снимките од надзорните камери видов дека пожарот настана откако деца, кои беа застанати пред објектот, запалија пиротехнички материјал, нешто како огномет. Од тоа се запали дрвото, но за среќа, веднаш пристигнаа пожарникарите, кои за 15-ина минути го изгасија огнот. Поради ова, морам да апелирам до родителите и децата за поголема совесност и да не се користат вакви пиротехнички материјали, од кои можат да настанат големи последици“, изјави Миќо Стојчевски, директорот на Музејот на Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира