ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И РОДИТЕЛИТЕ ПРОТЕСТНО ЌЕ КАМПУВААТ ПРЕД СОБРАНИЕ

    ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И РОДИТЕЛИТЕ ПРОТЕСТНО ЌЕ КАМПУВААТ ПРЕД СОБРАНИЕРодителите и децата со посебни потреби протестот во „Жена парк“ ќе го почнат в ќетврток, а ќе кампуваат секој месец од 21-ви до 23-ти, сѐ до исполнувањето на барањата (Фото: СДК.МК)

    Деца со посебни потреби и нивните родители в четврток ќе распнат шатори во „Жена парк“ пред  Собранието на Република Македонија и ќе кампуваат три дена, за на политичарите да им покажат што се им стои за решавање.

    Родителите од здружението „Сплотени срца“ денес на прес-конференција во Штип рекоа дека сакаат да бидат видливи за политичарите со нивните секојдневни проблеми. Потребата од квалитетна терапија и испитувања, стручен кадар кој ќе им помогне во грижата за нивните деца, до сместувањето за повозрасната категорија на деца со посебни потреби, се само дел од проблемите кои не се соодветно решени.

    Зоран Мијалков, претседател на ова здружение, вели дека не сака да му се даде политичка конотација на протестот, бидејќи, според него, нивните проблеми немаат никаква врска со која било политичка партија. Мијалков вели дека ги споила заедничката мака и се повикуваат на совеста на пратениците.

    Шаторите ќе бидат поставени в четврток, околу 9 часот, а потоа симболично во пет до дванаесет ќе одржат прес конференција.

    Родителите и децата со посебни потреби ќе кампуваат секој месец од 21-ви до 23-ти, сѐ до исполнувањето на барањата.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира