ДЕЦАТА НА ВОЗРАСТ ОД 11 ДО 15 ГОДИНИ СЕ ПРЕЧУВСТВИТЕЛНИ НА ОПШТЕСТВЕНИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ НОВА СТУДИЈА

    ДЕЦАТА НА ВОЗРАСТ ОД 11 ДО 15 ГОДИНИ СЕ ПРЕЧУВСТВИТЕЛНИ НА ОПШТЕСТВЕНИТЕ СЛУЧУВАЊА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ НОВА СТУДИЈАОд трибината за студијата во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Во Македонија 31 процент од девојчињата на 15-годишна возраст се чувствуваат осамени, а тој процент во Европа и Централна Азија е 28, се вели во Студијата за однесувањето поврзано со здравјето кај децата од училишна возраст. Се спроведува секоја четврта година во 51 земја од Европа, Северна Америка и Русија. Истражувањето е на Центарот за психосоцијална и кризна акција-Малинска во партнерство со Филозофскиот факултет при УКИМ, Универзитетот во Тетово и Општина Велес.

    „Трендот во последните осум години, низ три истражувачки циклуси од 2014 до 2022 година, ја покажува истата насока меѓу родовите и меѓу возрасти, со високи сличности. Тоа укажува на висока чувствителност на децата на општествените случувања и услови во кои живеат, независно дали се работи за социјална, политичка или здравствена криза и несигурност. Чести нерасположенија, речиси секојдневно, во последните шест месеци, пријавиле 57 отсто од девојчињата на 15 години. Од психосоматски тегоби – болки во стомакот, главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата, страдаат шест од десет девојчиња на 15 години“, се вели во студијата.

    Подкастот на оваа тема со психологот Иван Христов може да го погледнете тука:

    Истражувањето, било спроведено на 5.132 ученици, меѓу нив и ученици од неколку основни и средни училишта од Велес. Тоа покажало дека секое второ девојче на возраст од 15 години, изминатата година се чувствувала тажно и безнадежно, без малку секој ден во текот на две или повеќе недели. Анкетата покажала дека и задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата. Резултатите од истражувањето покажуваат дека менталното здравје е алармантно кај учениците во средно образование. Тоа бара вклучување и присутност на родителите во нивниот живот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира