На Велешката Питијада беше зготвена џиновска пастрмајлија од 4 метри, најголема досега, со што е срушен рекордот од пред пет години. Таа е зготвена за три часа од пекарата „Ќоше“ во соработка со пекарата „Гемиџии“, а употребени биле 20 кила брашно, 210 јајца и 30 кила месо.
„Последен пат ја зготвивме во 2017, и годинава за разлика од тогаш е подолга за 30 цм и е долга точно четири метри. Имаме доволно голема печка за да ја испечеме и можеме следните години да зготвивме уште поголеми“, кажа пекарот Александар Миладиновски, кој со години учествува во готовењето џиновска пастрмајлија во Велес.
Продажба на пастрмалијата беше со хуманитарна цел и се собраа 3.200 денари, кои ќе бидат предадени во Црвен крст Велес, за набавка на хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.
П. ПЕЧКОВ