ДОДЕКА СКОПЈЕ Е МРАЧНО И ТАЖНО, КРИВА ПАЛАНКА Е НАЈУБАВО УКРАСЕН ГРАД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТОВСКИ

    ДОДЕКА СКОПЈЕ Е МРАЧНО И ТАЖНО, КРИВА ПАЛАНКА Е НАЈУБАВО УКРАСЕН ГРАД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТОВСКИЦелиот центар на Крива Паланка е украсен и осветлен, а ќе има и новогодишни концерти. (Фото: Општина Крива Паланка)

    Општина Крива Паланка заврши со новогодишното украсување  и, како што вели градоначалникот Сашко Митовски, и годинава ќе биде најубаво украсен град во Македонија. Додека во Скопје градоначалничката Данела Арсовска нема поставено ниту еден новогодишен украс и светилки, целиот центар на Крива Паланка е украсен и осветлен. Поставена е новогодишна елка, светилки, украси, има куќички за продажба на пијалоци, храна, новогодишни украси и подароци.

    Градоначалникот Митовски вели дека за новогодишниот амбиент на градот не се потрошени буџетски пари, туку украсите се донација на компании и граѓани кои се по потекло од Кирва Паланка, а живеат во странство.

    Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината, а голем дел од нив за Нова Година си доаѓаат дома. Така беше лани, кога им се допадна како беше накитен градот, ми рекоа дека се презадоволни и дека следната година би сакале и тие да учествуваат во украсувањето. И си го одржаа зборот. Затоа оваа година е уште поубаво украсено од лани. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот, вели Митовски.

    Општината предвидува да организира и преднововогодишни концерти.

    За разлика од Скопје, во Крива Паланка ќе дојде Дедо Мраз за радост на најмалите. Комплетниот список за сите забави, кој сè ќе учествува ќе биде наскоро готов. Сакам да ги направам среќни граѓаните. Доаѓаат во Скопје и велат колку било мрачно и тажно и навистина ми е желба да уживаме сите заедно“, вели Митовски.

    Митовски вели дека поттик повеќе за убаво украсување и годинава му било и тоа што лани Крива Паланка токму поради тоа ја посетиле многу гости од други градови во државата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира