ДОДЕЛЕНИ КОНЦЕСИИ ЗА НАЈТРАКТИВНИТЕ ОХРИДСКИ ПЛАЖИ, ЗА ЕДНА ПЛАТЕНИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА

    ДОДЕЛЕНИ КОНЦЕСИИ ЗА НАЈТРАКТИВНИТЕ ОХРИДСКИ ПЛАЖИ, ЗА ЕДНА ПЛАТЕНИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРАПравото на користење на концесијата е пет години. - Плажата Куба Либре (Фото: СДК.МК)

    Најатрактивните охридски плажи денеска беа дадени под концесија. Концесија е одобрена за плажите Потпеш, Канео, Куба Либре и Кадмо. За капалиштето Бела Виста на потегот кон Горица немало заинтересирани. Според првите неофицијални информации, за една од плажите за закуп биле понудени 100 илјади евра.

    И во локалната самоуправа им олесна, бидејќи притисокот да се објават концесиите беше голем со оглед на тоа што главните плажи без концесии работеа повеќе од една година.

    „По одлуката за доделување на овие плажи под концесија има законски рок од три дена за приговор ако некоја страна не е задоволна. Ние ова го спроведовме транспарентно, според сите критериуми и не очекуваме дека ќе има приговори. По овој рок, концесионерот го добива правото да го користи капалиштето“, ни изјави портпаролот на локалната самоуправа во Охрид Томе Џамтовски.

    На последното наддавање за добивање на концесии за капалиштата, висината на закупот по метар квадратен е многу повисок во однос на последните наддавања за плажите. Изнесува некаде околу 75 денари по метар квадратен, а правото на користење на концесијата е пет години.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари