Утрово имаше дојава за подметнати бомби во две битолски основни училишта „Стив Наумов” и „Тодор Ангелевски”. Наставата е прекината, а вработените и учениците евакуирани. Полицијата ги истражува случаите.
Дојави за бомби имаше во половина од основните училишта и пред една недела, но се покажаа дека се лажни.
МВР информираше дека дојава за подметната бомба има и во седум скопски училишта, без да прецизира кои.
И до две основни училишта во Тетово беа испратени пораки за подметнати бомби. На удар се најдоа основните училишта „Лирија“ и „Кирил и Методиј“. Веднаш по дојавите, училиштата се евакуирани, а на местото дојдоа екипи на МВР и на противпожарната едниница од Тетово. Пристапот до училиштата е блокиран, а полицијата врши пребарување на просториите на училиштата.
„Дoсега во СВР Тетово e пријавено дека на електронските адреси на две основни училишта во Тетово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Ж. ЗДРАВКОВСКА/З. АНДОНОВ