ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СЛИКАРИ ЌЕ ТВОРАТ НА 12. КОЛОНИЈА „ВЕВЧАНСКИ ВИДУВАЊА“ , ДЕЛАТА НА НАЈМЛАДИТЕ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

    ДОМАШНИ И СТРАНСКИ СЛИКАРИ ЌЕ ТВОРАТ НА 12. КОЛОНИЈА „ВЕВЧАНСКИ ВИДУВАЊА“ , ДЕЛАТА НА НАЈМЛАДИТЕ ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИНа колонијата досега учествувале над 200 домашни и странски ликовни уметници (Фото: СДК.МК)

    Вевчанската природа ќе биде инспирација за 25 сликари од земјава и странство, кои наредните две недели ќе творат на 12. меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“.

    Да се биде во Вевчани е прекрасно чувство. Убавината на ова место ја прават луѓето кои се топли и непосредни и така е откога доаѓам тука. Не знам што ќе ме инспирира, не правам планови, оставам самата инспирација да ме носи“, вели ликовниот уметник Петар Попчев, еден од најстарите учесници на „Вевчански видувања“.

    На колонијата досега учествувале над 200 домашни и странски ликовни уметници. Изминативе години, делата од колонијата беа презентирани на многу изложби надвор од државата, а сега тие ќе се најдат во Белград. Ефимија Угриновска-Кукоска, организацискa секретарка на „Вевчански видувања“, вели дека на овој начин се презентираат Вевчани, Македонија, но и самите уметници и нивното творештво. Годинава, колонијата има и хуманитарен карактер.

    Во рамките на колонијата ќе се одржи втората детска ликовна школа, во која учество ќе земат над 40 деца, а ќе се реализира и проектот на Шпаркасе банка со кој на 10 млади надежни уметници од Македонија ќе им се овозможи да творат, а нивните дела ќе бидат продадени во хуманитарни цели“, рече Угриноска-Кукоска.

    Синоќа на свеченото отворање на 12. „Вевчански видувања“, на академскиот сликар Ставре Димитров, кој има создадено 2.500 портрети, му беше доделено признанието „Порта“ за исклучителен придонес за развојот на уметноста.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира