ДВА МЕСЕЦA СТОИ РАСКОПАНА И НЕДОВРШЕНА УЛИЦАТА „ХРИСТО ТАТАРЧЕВ“ ВО КИСЕЛА ВОДА

    ДВА МЕСЕЦA СТОИ РАСКОПАНА И НЕДОВРШЕНА УЛИЦАТА „ХРИСТО ТАТАРЧЕВ“ ВО КИСЕЛА ВОДАГраѓаните возат по нерамен асфалт, а шахтите се издигнати бидејќи не е поставен завршниот слој асфалт.(Фото: СДК.МК)

    Улицата Христо Татарчев во скопската Општина Кисела Вода два месеца стои раскопана и недовршена. Општината во август годинава почна со реконструкцијата на потегот од бензинската „Мечкаров“ до кружниот тек на последната автобуска станица на линијата 24. Во должина од 7.000 метри квадратни беше извададен стариот оштетен асфалт, и поставен само еден слој.

    Два месеца на улицата нема никаква градежни работи, па граѓаните возат по нерамен асфалт, а шахтите се издигнати бидејќи не е поставен завршниот слој асфалт.

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во објава на својот официјален фејсбук профил на 19 август кога започнаа градежните работи се заблагодари на Светска банка и на Владата односно Министерството за транспорт и врски „кои ја препознаа и финансиски ја поддржаа нашата визија, што ја овозможи реализацијата на овој проект“.

    Од Општина Кисела Вода не добивме одговор на нашите прашање зошто улицата стои недовршена, нема никакви градежни работи и кога се планира да се асфалтира со оглед на тоа дека наскоро временските услови нема да дозволуваат вакви зафати.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира